Нов заем од 31 милион евра

Bez autora
Jun 03 2010

Државата повторно се задолжи кај стопанството и граѓаните. На вчерашната аукција на 6-месечни државни записи со девизна клаузула, беа понудени 2 милијарди денари (32,52 милиони евра) државни записи со каматна стапка од 4,99 отсто и рок на достасување од 189 дена, а беа реализирани 30,76 милиони евра. Во сопственичката структура на 6-месечните државни записи со девизна клаузула емитувани вчера, банките учествуваат со 92,57 проценти, додека клиентите со 7,43 отсто. Состојбата на досега емитуваните државни хартии од вредност, заклучно со 02.06.2010 година изнесува 14.739.550.000 денари (240 милиони евра), од кои 14.440.350.000 денари (235 милиони евра) се однесуваат на досега емитуваните државни хартии од вредност со девизна клаузула. Состојбата на досега емитуваните 6-месечните државни записи изнесува 12.606.540.000 денари (205 милиони евра) и се со девизна клаузула.

Нов заем од 31 милион евраДржавата повторно се задолжи кај стопанството и граѓаните. На вчерашната аукција на 6-месечни државни записи со девизна клаузула, беа понудени 2 милијарди денари (32,52 милиони евра) државни записи со каматна стапка од 4,99 отсто и рок на достасување од 189 дена, а беа реализирани 30,76 милиони евра.

Во сопственичката структура на 6-месечните државни записи со девизна клаузула емитувани вчера, банките учествуваат со 92,57 проценти, додека клиентите со 7,43 отсто.

Состојбата на досега емитуваните државни хартии од вредност, заклучно со 02.06.2010 година изнесува 14.739.550.000 денари (240 милиони евра), од кои 14.440.350.000 денари (235 милиони евра) се однесуваат на досега емитуваните државни хартии од вредност со девизна клаузула. Состојбата на досега емитуваните 6-месечните државни записи изнесува 12.606.540.000 денари (205 милиони евра) и се со девизна клаузула.

На претходната аукција на шестмесечни државни записи со девизна клаузула одржана на 4 мај годинава беа реализирани 2,7 милиони денари (околу 44 милиони евра.

Вчера и Народната банка одржа редовна аукција на благајнички записи, а тие се продаваат со каматна стапка од шест проценти. И каматната стапка во изминатиот период беше предмет на полемики меѓу централната и монетарната власт, поради конкурентноста која беше предизвикана од државните записи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik